Вести Македонија Топ вести

Нефи нуди пари од притвор

Охридскиот советник Нефи Усеини и неговиот брат понудиле по 10 илјади евра во кеш како гаранција за да излезат од охридскиот затвор каде влегоа вчера по 6-дневна недостапност за полицијата.

Адвокатот на осомничените браќа Усеини за Телма потврди дека е понудена гаранција за да им се укине мерката притвор или да им се замени затворскиот со домашен притвор или друга поблага мерка.

Во охридскиот суд за Телма не открија детали кога ќе одлучат само потврдија дека законските рокови ќе бидат испочитувани. Обвинителството пак не се согласува браќата Усеини да излезат од притвор. Според нашите информации од таму дале негативно мислење за предлогот на одбраната.

Нефи Усеини и неговиот брат се осомничени за нападот врз Охриѓанецот Спирко Топалоски и добија 8 дневен притвор. Обвинителството води истрага за две кривични дела „насилство“ и „недозволено држење на оружје“. Според првичниот исказ на нападнатиот тој бил тепан со пиштол по глава, но потоа со изјава преку својот адвокат, Топалоски тврдеше дека не видел оружје и недоразбирањата со неговиот пријател се надминати.

Во обвинителството, жртвата Топалоски досега дал само еден исказ по нападот а се уште не се сослушани ниту напаѓачите.

Во истрагата се најдени снимки од безбедносни камери на кои се гледа како Топалоски е нападнат.

Бизнисменот и советник на ДУИ во општина Охрид последниве години беше во центарот на вниманието поради тоа што дел од неговите објекти беа прогласни за дивограби но и за други насилни инциденти. За сега нема информација од надлежните колку кривични пријави вкупни се поднесени против Усеини и до каде се постапките против него.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе