Ковид19 Најважни Свет

Србите во километарски колони чекаат за ПЦР тест за пристап до црногорските плажи

Српските граѓани во повеќекилометарска колона и денеска чекаат пред институтот Торлак во Србија заради правење ПЦР тест за коронавирусот.

Не станува збор за некакво ново потенцијално жариште, туку за желба да се замине на летување во Црна Гора.

Според информациите, дел од граѓаните уште пред 5 часот наутро се собрале пред институтот со цел да можат побргу да го направат тестот.

Српските медиуми информираат и дека на свое лично барање, граѓаните во институтот Торлак може да се тестираат само ако достават уплатница, односно доказ дека веќе го платиле тестот.

Дел од граѓаните се задоволни од брзината со која се одвива тестирањето и покрај километарските колони.

Знаете што? кога стигнавме тука, гужвата навистина делуваше драматично, но морам да признаам дека се навистина ефикасни. Прилично бргу се движи, мислам дека чекавме во ред околу час и половина или нешто подолго, што е сосема ок, велат тие.

Црна  Гора на 15-ти Август ја отвори границата со Србија. За влез во Црна Гора и пристап до плажите на туристичките центри, српските граѓани треба да исполнат три услови:

  1. Да имаат негативен резултат на ПЦР тест на новиот коронавирус или позитивен резултат на анти-тела на коронавирусот од класата IgG добиен со ELISA серолошкиот тест.
  2. Тестовите да се издадени од регистрирана лабораторија и да не се постари од 72 часа од моментот на влез во Црна Гора.
  3. Во период од 15 дена пред влезот во Црна Гора да не престојувале во некоја од државите од кои не е дозволен влез во Црна Гора

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе