Македонија Топ вести

Убиство во Инџиково, маскирани напаѓачи ликвидирале скопјанец пред очите на неговата сопруга

Скопјанец вчеравечер е застрелан пред очите на неговата сопруга во двор од куќа во скопското село Инџиково. Двајцата напаѓачи упаднале во дворот и му наредиле да им ги даде сите пари. Тој им го понудил џипот, но тоа не било доволно за напаѓачите кои ладнокрво пукале во него. Починал веднаш. Полицијата засега само со потврда за настанот и без осомничени лица.

Скопско Инџиково, 23 часот. Тишината во селото ја распара истрел од пиштол од кој згасна животот на 49 годишен скопјанец. Неколку моменти претходно тој седел со својата сопруга и роднините во дворот од куќата. Тогаш упаднале двајцата напаѓачи со намера да го ограбат. Планот им се извисил. Скопјанецот немал пари во него. Без размислување, ладнокрвно и од непосредна близина едниот од нив пука во него.

Ова е патот по кој се движеле двајцата напаѓачи. Со фантомки на главите тивко се доближиле до куќата на жртвата. Влегле во дворот и му наредиле да легне на земја. Му побарале пари а тој им го понудил џипот паркиран во пред куќата. Сведоците не биле пречка за ладнокрвните убијци, кои по истрелите брзо се изгубиле во темината а потоа и од Инџиково.

Сопругата на жртвата повикала Итна помош и ја известила полицијата. За кратко време пристигнале неколку екипи но за жал иострелот во главата бил фатален.

Според инфромациите на Телма, убиениот скопјанец е од населбата Ченто каде и живее а само повремено ја користи куѓата во селото. Тој и неговиот брат работеле заедно, имале успешен бизнис а во Инџиково имале фарма каде чувале крави.

Соселаните не сакаа да зборуваат пред камера, но сите велат дека станува збор за човек со кој никогаш немале никаков проблем.

Според официјалните податоци на МВР во првите шест месеци од годинава регистрирани се седум убиства за разлика од лани кога бројката е речиси двојно поголема – 13. Во регистрираните случаи животот го изгубиле осум лица а против деветмина се поднесени кривични пријави.  Расветлени се сите дела како и дев убиства извршени во текот на минатата година.

Огнен Чачаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тајната служба го советува Вучиќ да не патува во Црна Гора: Се плашат од мафијаш кој јадел ќебапи од човечко месо

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран

Kristina Kuzmanovski

На одбраната не и беа презентирани докази за основано сомневање – адвокатката на Богоев најави жалба на притворот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе