Македонија Топ вести

АА: Зибери премиер или ДУИ во опозиција

Првиот од 20-те дена што мандатарот Зоран Заев ги доби за формирање Влада истекува без видлив напредок во меѓупартиските преговори.

ДСМ не отстапува од намерата Зоран Заев да ја предводи Владата четири години, а ДУИ да го задржи претседателското место во Собранието и потпретседателското во Владата.

ДУИ го зголеми списокот на функции што треба да ги пополнат нивни кадри, а централното барање се врти околу премиерот, и тоа во првата година од мандатот. Официјалната информација е дека консултациите продолжуваат на различни нивоа.

-Принципите на кои ќе се темели идната Влада се потврдени. Се подготвуваме за идните чекори како што е изработката на детална програма за работа и дефинирање предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри. Веруваме дека ваквиот пристап ќе доведе до конечен договор, соопштија од ДУИ.

Коалицијата на Алианса и Алтернатива тврди дека до сега немала ниту една официјална преговарачка средба. Не сакаат ни да почнат без епилог од сегашните преговори, односно: или премиер-албанец или ДУИ во опозиција.

12-те пратеници на Алијанса и Алтернатива би го поддржале предлогот за премиер-албанец ако стигне во Собрание, но ако тие влезат во преговори за Влада, нивната црвена линија ќе биде изборното ветување кон гласачите: подобар живот за албанците.

ВМРО ДПМНЕ вчера прогласи дека Заев го узурпира мандатот за составување Влада. Сега го чекаат епилогот од неговите напори за обезбедување 61 глас.

Преговорите меѓу СДСМ и ДУИ почнаа по стартот на конститутивната седница. Од 4 август до сега лидерите се сретнаа три-четири пати, вклучувајќи ја и вчерашната средба, генералните секретари повеќе пати, но позициите не се доближени.

Од тие разговори зависи и продолжението на собраниската седница, кое претседавачот Талат Џафери се обиде да го свика истиот ден кога беше доделен мандатот, но потоа се откажа од таквата намера. Временскиот простор за постигнување договор меѓу Заев и Ахмети истекува на 2 септември.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе