Економија Најважни

Трифун Костовски: Ова е смислено сценарио за затворање на Еуростандард банка

Смислено сценарио за затворање на Еуростандард банка, правено со месеци наназад за кое  биле информирани луѓе блиски до Народната Банка кои на време си ги повлекле парите. Со вакви обвинувања, два дена по затворањето на банката излезе сопственикот Трифун Костовски. Обвини дека е тоа е избрзана одлука на Народната банка, поради некомпетенствоста  и незрелоста на раководството на Народната банка на чело со Гувернерката Бежовска.Не сака да шпекулира кој го смислил сценариот, ниту кои се луѓето кои на време си ги повлекле парите.

Најави кривични паријави за претходното раководство на Банката кое ја довело до ваква состојба и постапка пред Арбитражен суд во која ќе ја тужат државата за стечајот. Рече правдата ќе ја бара надвор од државата. Неговиот син Коста Костовски рече дека народната банка знаела за потенцијалниот инвеститор од странство, но сепак се одлучила да стави клуч на врата на банката.дека имале потенцијален инвеститор.

Костовски рече дека не сакал да ги меша политичките партии во случајот бидејќи сметал дека преку инвеститорот ќе можел да ја извлече банката.

Рече дека семејството Костовски со овој случај го загубило угледот и  60-70 милиони евра, но најмногу му е жал за неговите клиенти.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Врховен судија фатен со 10.000 евра

Дејан Дејан

Цената на струјата ќе се намали, ако стигне понуда за поевтин мегават од сегашните 58 евра на ЕСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе