Ковид19 Македонија Најважни

Од приватните градинки алармираат дека ќе отпуштат 600 работници ако не добијат помош од државата

Стотици згрижувачки и друг персонал од приватните градинки ќе остане без работа, илјадници деца ќе бидат незгрижени, а приватните градинки затворени ако државата не помогне – алармираат од Асоцијацијата на приватни установи за деца „ПОЛЕТ“.

Пандемијата ги погоди речиси сите бизниси, но според членовите на Асоцијацијата, Владата различно ги третира државните и приватните установи за згрижување деца иако тие реализираат иста дејност и одговараат пред ист Закон.

Станува збор за триесетина градинки на кои им се заканува затворање.

„Тоа е огромна бројка на приватни установи. Во нив се згрижени околу 1300 деца и вработени се околу 600 лица. Единствено нешто што не сите од приватните градинки успеаја да искористат периодов е мерката за субвенционирање на платите. Другите економски мерки и пакети коишто беа насочени кон приватниот сектор, никој од приватните градинки не успеа да ги реализира“ изјави Елена Кливановска, потпретседател на Асоцијацијата на приватни установи за деца „ПОЛЕТ“.

За датум за отворање на градинките се чека официјална одлука од Министерството за труд и социјална политика, а Комисијата за заштита од заразни болести пред десетина дена одобри тие да започнат со работа.

Во меѓувреме, од ресорот под чијашто капа се установите за згрижување на деца, за Телма кажаа тие немаат надлежност да носат одлуки за субенционирање на плати туку Владата утврдува кои категории на лица и правни субјекти ќе добијат финансиска помош и поддршка за своето работење.

„Дел од барањата беа во насока на помош и поддршка на приватните градинки преку субвенционирање на платите на вработените за месеците јули и август, за што од наша страна им беше укажано дека за тоа прашање како Министерство немаме  надлежност. За месеците мај и јуни приватните градинки кои се дел од Асоцијацијата Полет, имат добиено поддршка и помош од Владата за субвенционирање на платите на вработените“ велат од Министерството за труд и социјална политика.

Во меѓувреме, се очекува одлуката на надлежните и околу новата учебна година, којашто е на само три недели од почетокот.

Извори од Министерството за образование и наука за Телма брифираат дека денес на седница на Влада повторно се разгледувале моделите за спроведување на наставата од септември.

Комисијата за заштита од заразни болести ќе се состане утре и на седницата повторно ќе се анализираат протоколите и можноста за спроведување на истите во училиштата од септември.

Едно од разгледуваните опции од страна на Комисијата е првачињата и децата од другите пониски одделенија да одат на училиште, а повозрасните да учат онлајн.

 

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе