Ковид19 Македонија Најважни

МЗ ќе дискутира за воведување задолжителен ПЦР тест за патници кои транзитираат низ земјава

Осум минути до 21 ч – сабота Турку, Финска. Авион на Визер од Скопје слетува на  аеродромот.  157 патници на овој лет ги поминале сите контроли на скопскиот аеродром, им била измерена температура ,  кај никој од нив терминалот не покажал дека е покачена, па по 4 часовен лет влегуваат во зградата на аеродромот во јужна Финска , во грачето Турку. Под сомнеж дека меѓу нив има заразени со корона, сите се тестираат. Меѓу тестираните 24 патници биле позитивни на вирусот.  Кои се патниците кои се носители на вирусот , а ја напуштиле земјава не е познато. Но од здравствениот инспекторат за Телма потврдуваат дека на ниту еден од нив им немаат дадено решение за изолација. Се уште пак проверуваат дали меѓунив бил даден како контакт на ковид позитивен пациент. Според податоците од листата на патници кои ги добило Министерството од скопскиот аеродром само двајца патници биле со македонски пасош. Најголем дел од патниците патувале со косовски пасош 95 лица, со фински пасош биле 60 лица, а останатите со албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.

 Министерството за здравство по проверка на информациите со службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција информира дека станува збор за патници, иселеници, коишто доаѓаат во Северна Македонија, или транзирираат преку земјава од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

Ова  ги натера Финските власти веднаш да ги сменат ковид политиките за луѓе кои доаѓаат во нивната земја. Па така, од сега никој нема да може да стапне на финското тло без да покаже негативен ПЦР тест, a задолжителниот ќе биде и  двонеделен карантин. На оние кои ќе го прекршат ќе треба да платат парична казна или им се заканува до  до три месеци притвор , соопшти финската министерката инистерот за семејство и социјални услуги Криста Кијуру.   Ковид летот на релација Македонија Финска ги подзамисли и македонските здравствени власти . Па така на утрешна седница на комисијата за заразни болести , министерот Филипче  за Телма вели дека ќе ќе бара да се воведе задолжителен ПЦР тест за сите луѓе кои транзититраат низ Македонија, а крајна дестинација им е друга држава. Инаку, според владина одлука државјани кои транзитраат од Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина треба само да приложат авионски билет и да потпишат изјава дека во рок од 3 часа ќе ја напуштат земјава.Оваа одлука беше донесена по зголемениот број на случаи на ковид-19 во овие земји.

На радарите за летови , се гледа дека небото над Финска е мирно . Вечер слетуваа уште еден авион во Турку. Меѓутоа луѓето кои имаат купено билет за ова патување , според новите правила на Финска , треба да се подготват за 14 дневен карантин.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

36 актуелни пратеници на новите листи на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски потврден од ИО и ЦК да води во едница- Извисија новите колициони партнери Богојевски, Трајанов и Ангелов за пратенички кандидати

Дејан Дејан

Димитриеска Кочоска: Линеарното покачување на пензиите не е собирање гласови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе