Ковид19 Свет

СЗО: Да се укинат мерките за меѓународни патувања, да се одредат приоритети

Земјите самостојно да го проценат ризикот од меѓународните патувања и да одлучат дали постепено ќе ги укинуваат мерките. Ова е најновата препорака од СЗО, која заклучува дека инфекцијата со корона вирусот во европските држави забрзано се шири, најмногу поради отворените граници и слободното транзитирање на туристите, посебно младите луѓе, кои се најголем преносител на вирусот откако почна летото. Но, според докторите, тие не можат да ги убедат дека освен што младите се преносители, сепак може да имаат и фатални последици од вирусот.

Еден од предизвиците со кои се соочуваме е да ги убедиме младите луѓе за овој ризик. Доказите сугерираат дека зголемниот број на случаи во некои држави се поради младите луѓе кои се „разоружуваат“ пред летото во северната хемисфера. Сме кажале и порано и сега: младите не се непобедливи, вели генералниот директор на СЗО Тедрос аданом гебрејесус.

Не постои нулта ризик кога станува збор за оние патници кои влегуваат во други земји, но државите треба да ја земат предвид епидемиолошката состојба од каде пристигнуваат. И да одлучат дали ќе бидат ставени во карантин.

Засега европските земји не ги спуштат рампите. Шпанија секојдневно јавува за зголемен број на заболени со што по вторпат станува жариште. Но, освен британските власти кои воведоа задолжителен карантин за своите граѓани кои ќе се вратат од одмор од шпанските одморалишта, другите држави – само со препорака да не се патува во Шпанија.

Во најголем дел, земјите продолжија со туристичката сезона, а на граничните премини некои од нив, воведоа тестирање на патниците, и задолжително почитување на мерките. За туристите нема никаков проблем.

Кога сте на отворено, нема метеж. И мислам дека е ОК ваков вид на патување, Не е најдобриот начин, но добро, може да се патува вака, вели турист од холандија.

Заштитната маска и социјалното дистанцирање засега се најдобриот борец против заразата со Ковид-19 засега. Очигледно е дека препораките даваат резултат кај другите заразни болести. Во Кина, каде најрано се почна со карантин, најновите податоци велат дека значително е намален бројот на заболени од сипаници, заушки и полно преносливи болести. Но, речиси сите земји јавуваат за огромен пад на заболени од грип.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ентони Блинкен до Си Џипинг: Поддршката за руската одбрана ја загрозува европската безбедност

Дејан Дејан

Покажаа разбирање за барањето за имунитет – врховните судии наклонети кон конзервативците во случајот со Трамп

Дејан Дејан

Зголемени разлики, зачестени разговори – Блинкен на средба со Џинпинг во Кина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе