Ковид19 Свет

Италијанската влада ќе ја продолжи вонредната состојба до 31 октомври

Италијанската Влада планира да ја продолжи вонредната состојба во државата, што ќе овозможи да владее со уредби без потреба од парламентарно одобрување, и покрај силното спротивставување на опозициските партии.

Владата ќе донесе одлука за продолжување на вонредната состојба до 31 октомври, само по одобрување од Парламентот, изјави денеска министерот за здравство Роберто Сперанза, пренесува „Политико“, повикувајќи се на италијанските медиуми.

Премиерот Џузепе Конте ќе ги информира сенаторите за намерите на Владата попладнево, а утре – Парламентот.

Владата кон крајот на јануари прогласи вонредна состојба за да им овозможи на министрите да се справат со кризата со коронавирусот. Таа одлука важеше шест месеци, а истекува на крајот на јули.

Вонредната состојба во Италија може да трае најмногу 12 месеци, а потоа може да се продолжи за уште една година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

(Видео)Се огласи Каровиќ: Штом ги затворам очите се сеќавам на експлозијата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе