Македонија

Стојанче Рибарев: судијки ми се жалеа дека АКМИС-от не сооодвестува со реалноста за време претседателувањето на Владимир Панчевски

„Судиите Весна Димишкова и Славица Андрeева писмено се пожалија дека податоци за нивната работа извлечени од АКМИС системот не соодветствуваат со реалноста.“ -Вака го започна своето сведочење поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Стојанче Рибарев во процесот против неговиот поранешен колега и претходник на истата функција Владимир Панчевски. Повеќемина судии му укажале кога дошол на функција дека некои предмети се давале на рака на судии и дека така била претходната пракса.

Судијата Васил Димковски,пак,  се пожалил дека има случаи кога не се даваат предмети по распоредот на судот. И во извештајот на скопскиот апелационен суд било утврдено дека не се делат предмети по Акмис туку по стар ЗКП, сведочеше Рибарев.

Инаку претходно Панчевски се пожали дека немал доволно време да се подготви за судењето. Не го разбирал обвинението па поради тоа судијата мораше одново да му го образложува. И покрај тоа рече дека не може да каже дали се чувствува за виновен. Неговите адвокати пак бараа да му биде укинат притворот бидејќи имале информации дека тој се уште е вработен во ОС СК 1 и со тоа има имунитет на судија.

Панчевски беше спроведен од затворот во Шутка. Тој е во притвор од 15 јули, 5 дена откако велешкиот суд му определи притвор сам се пријави во затворот. Но обвинетиот и неговите адвокати на минатото рочиште бараа судијката да му го укине притворот кој како што велат е незаконски. Се повикаа на судскиот имунитет според кој без одлука на судски совет на судија не може да му се определи притвор,  бидејки како што истакнаа ниту добиле одлука од Врховен ниту имало доказ дека Панчевски е правосилно разрешен од судиската функција.

Панчевски беше спроведен од затворот во Шутка. Тој е во притвор од 15 јули, 5 дена откако велешкиот суд му определи притвор сам се пријави во затворот. Но обвинетиот и неговите адвокати денеска бараа судијката да му го укине притворот кој како што велат е незаконски. Се повикаа на судскиот имунитет според кој без одлука на судски совет на судија не може да му се определи притвор,  бидејки како што истакнаа ниту добиле одлука од Врховен ниту имало доказ дека Панчевски е правосилно разрешен од судиската функција.

Основното јавно обвинителство Скопје по прибирање на сите материјални и вербални докази, утврдило дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, обвинетиот како службено лице – претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје, влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе