Вести Избори 2020 Македонија Најважни

ДИК: Одзивот до 9 часот 5,19% од обработени 2.326 места

Гласањето тече непрекинато, со сите здравствени протоколи. До 9 часот гласале 94.167 граќани, односно 5,19%. По изборни единици:

ИЕ 1  – 6,55 %  , најголема излезност има во општина Аеродром 10,13%, најмала во Студеничани 1,81%.

ИЕ 2 – излезноста е 4,58%, Највисок е во Ѓорче Петров – 8,05 отсто, а најмал во општина Липково – 0, 93 отсто.

ИЕ 3- излезноста е 6,1%, Во оваа изборна единица најмногу гласачи до 9:00 часот излегле во Крива Паланка – 8,31 отсто и Пробиштип со 10,25.

ИЕ 5 излезноста е 5,20%.  Највисок е одѕивот во Кривогаштани 13,1, додека во Центар Жупа е најмал – 1,01 отсто.

ИЕ 6 излезноста 2,59%.  Во Јегуновце бил највисок 4,17 додека најмал во Врапиште 1,39 отсто.

 

Во 13 Казнено-поправни домови од 1.657 запишани во избирачкиот список гласале 1.272 односно 76,76 отсто. Во 17-те старски домови од 357, гласале 234 избирачи односно 80,62 отсто. Шесте внатрешно-раселени лица не гласале.

До одржувањето на прес-конференцијата, официјало не пристигнал ниту еден приговор за гласањето до ДИК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе