Свет

СЗО: Пандемијата е тест за карактерот на државите и народите

Светската здравствена организација соопшти денеска дека пандемијата корона вирус е тест на карактерот на државите и сите мораат да дејствуваат во интерес на солидарност и заедничкото добро.

Првиот човек на СЗО, Тедрос Гебрејесус додаде дека тие ги добиле информациите дека Соединетите американски држави ги купиле безмалку сите резерви на Ремдесивир, единствениот лек кој досега е одобрен за третман на Ковид 19, респираторната болест предизвикана од корона вирусот.

СЗО ги предупреди и земјите кои применуваат фрагментиран пристап кон справувањето со пандемијата , дека ги чека долг и тежок пат до излезот од кризата.

“Нови жаришта може да се очекуваат откако државите започнаа да ги укинуваат рестрикциите, но државите кои ги имаат воспоставено системите за примена на сеопфатен пристап треба да можат да ги ограничат овие жаришта на локално ниво и да избегнат примена на сеопфатни рестрикции. Сепак, ние сме загрижени дека некои земји не ги користеа сите алатки кои ги имаат на располагање и применија фрагментиран пристап. Овие држави имаат долг, тежок пат пред себе” – изјави Тедрос Адханом.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Германија за првпат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Дејан Дејан

Тајната служба го советува Вучиќ да не патува во Црна Гора: Се плашат од мафијаш кој јадел ќебапи од човечко месо

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе