Вести Свет Топ вести

Можеме да го вратиме Либан во камено време – предупредување од израелскиот министер за одбрана Јоав Галант

Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант за време на посетата на Вашингтон предупреди дека „израелската војска е способна да го врати Либан во камено време“ во секој конфликт со Хезболах, но, истовремено, порача дека владата е за дипломатско решение на израелско-либанската граница.

„Ние не сакаме војна, но подготвени сме за секакво сценарио. Хезболах многу добро знае дека можеме да направиме голема штета во Либан ако почне војна. Имаме капацитет да го вратиме Либан во камено време, меѓутоа не сакаме да го направиме тоа. Не сакаме војна“, изјави Галант пред новинарите за време на четиридневната посета на Вашингтон која заврши денеска.

Ширењето на израелската војна против Хамас во Појасот Газа на Либан би било „потенцијално апокалиптично“, предупреди претходно заменик генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН) задолжен за хуманитарни прашања и итна помош, Мартин Грифитс.

Лидерот на Хезболах, Ханас Насралах, пак, минатата недела предупреди дека нема место во Израел кое би било поштедено од организацијата, ден по објавата на израелската војска за потврда на оперативните планови за офанзива во Либан.

Хезболах отвори фронт со Израел во знак на подршка на Хамас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предложените измени на „балансерот“ ги поделија партиите

Дејан Дејан

Тренчевска: Линеарното зголемување на пензиите за сите пензионери не е добро

Дејан Дејан

Сопругот на 32-годишна жена од тетовско која почина на КАРИЛ бара одговори – зошто обичната операција за вадење камен од бубрег завршила со смртен исход

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе