Вести Најважни Свет

Пукање во Русија поради мобилизацијата, има и повредени

Младо момче кое требало да биде мобилизирано, со пушка нападна воена канцеларија за регрутирање. Видеото масовно се прошири низ социјалните мрежи.

На снимката се гледа како момчето со пушка влегува во канцеларијата за регрутирање, пука во главата на одговорниот и по нападот вели „сега никој нема да се бори и сите можеме да си одиме дома“. Присутните панично и со врисоци бегаат од просторијата.

Освен раководителот кој е во критична состојба, младото момче пукал и во шефот на воениот оддел кој е тешко повреден. Според локалните медиуми, Александар Елисеев се здобил со прострелна рана во главата. Жив е, и пренесен во болница. Неговиот напаѓач е Зина Руслан. 25 –годишен и невработен.

Ова е првата жртва на мобилизацијата надвор од фронтот. Започна минатата недела кога рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна, но присилна мобилизација. Одекнаа протести ширум земјата кои сеуште траат низ многу градови на руската федерација. Овој чин на засилување на армијата го користат и украинските власти. Претседателот на Украина, Зеленски повика секој регрутиран војник да се предаде и ќе добие хуман третман и слобода.

„Сакам уште еднаш да нагласам: има излез. Не подлегнувајте на криминална мобилизација. Бегајте. Или предадете се на украинско заробеништво во првата прилика. Ги замолувам сите наши пријатели од областа на информациите да го поддржат ширењето на овој апел. Колку повеќе граѓани на Руската Федерација се обидуваат да ги заштитат сопствените животи, толку побрзо ќе заврши оваа криминална војна на Русија против народот на Украина,“- рече Зеленски.

Мобилизацијата продолжува, а во тек и референдумот за отцепување на 4- региони и припојување кон руската федерација. Бројката на излезност надмина 50 отсто, а утре властите инсталирани од Русија, во регионите Луганск, Доњецк, Запоржје и Херсон се очекува да го соопштат очекуваниот резултат односно да прејдат под руска власт по успешните референдуми.

Пристигаат најави дека освен западните земји, резултатите од референдумот нема да ги признае ниту најблискиот сојзуник на русија, Казакстан. Нема независни набљудувачи на терен што создава сомнеж за лажирање на разултатите.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сергеј Корецки е нов премиер на Украина

Kristina Kuzmanovski

Пропаднатиот пат кај Тефериќ се префрла во надлежност на Министерството за транспорт – општина Кисела Вода и Град Скопје немаат можности и капацитети да го санираат

Дејан Дејан

Украинците протестираат заради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе