Вести Најважни Свет

Путин мобилизира нови 300.000 резервисти, за Киев и Западот потегот е непопуларен

Повик за мобилизација ги разбуди утринава руските резервисти. Во ретките телевизиски обраќања до нацијата, рускиот претседател Владимир Путин им порача дека за неговата специјална операција во Украина потребна е делумна мобилизација. Триста илјади војници се неопходни за да се одбрани татковината од Украина, им рече Путин.

  • Повторувам, станува збор за делумна мобилизација, односно на воен рок ќе подлежат само граѓаните кои во моментот се во резерва, а пред се оние кои служеле во вооружените сили имаат одредена воена специјалност и соодветно искуство. Регрути, задолжително ќе поминете дополнителна воена обука врз основа на искуството од специјалната воена операција пред да заминете во единиците, им порача Путин.

„Делумната мобилизација нема да го реши недостатокот од руски војници“ реагираат од официјален Киев, од каде рекоа дека потегот на Путин беше очекуван со оглед на сериозните загуби кои руските војници ги преживуваат на бојното поле. Но, за Путин ова не е блеф, има доволно оружје и нема да се двоуми да го искористи.

  • Сакам да потсетам дека нашата земја поседува различни средства за уништување, а за за посебни компоненти и помодерни од оние на земјите на НАТО и кога е загрозен територијалниот интегритет на нашата земја, за заштита на Русија и нашиот народ, секако дека ќе ги искористиме сите средствата со кои располагаме. Ова не е блеф, порача рускиот претседател. 

Но, за Западот ова е целосно непопуларна мерка, а самиот говор на Путин наликува на стариот огорчен список со обвинувања. Мобилизацијата на резервисти е доказ дека инвазијата му пропаѓа, а поддршката за Украина останува.

  • Ова е уште еден ужасен и погрешен чекор на Русија, кој секако ќе го оцениме политички и ќе разговараме како да одговориме на тоа. Во секој случај, за мене и за германската влада е јасно дека ќе продолжиме целосно да ја поддржуваме Украина во овој тежок период, изјави минстерот за економија на Германија, Роберт Хабек. 

За да се мобилизираат, опремуваат и организираат нови борбени сили, дури и ако повиканите имаат искуство, потребни се месеци. Проценките се дека ако не ги пуштат веднаш во битка, тие не би биле вклучени ниту до следната пролет.

Користејќи софистицирана западна опрема, украинската војска сериозно напредува на терен. Најновиот потег на Путин е доказ дека за Кремљ станува се потешко да ги организира војниците кои веќе се на военото поле, а тешко ќе се справи и со новите триста илјади борци.

Алиса Шутиноска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Министерот Сулејмани излезот од проблемот со пресметките на платите во културата го гледа во Законот за култура

Дејан Дејан

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе