-Поради несоодветно работење, неиспорачување резултати и непочитување на насоките на градот Скопје, директорите добија понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени, објави скопската градоначалничка Данела Арсовска на ФБ.
Таа порача дека градските функционери треба да даваат отчет пред граѓаните, а не пред партиските лидери.
-Градот Скопје е град на сите скопјани, затоа сите носители на овие одговорни раководни функции во градот се должни да даваат отчет пред граѓаните, а не пред партиските лидери. Скопје мора да биде модерен град, град за сите скопјани, пиша Арсовска на ФБ.
Претходно директорите на Градски паркинг и Дрисла (Бојан Христовски и Ѓоко Велковски) исто така преку фејсбук објавија дека даваат оставки поради лошата комуникација на градоначалничката со нив.
Во меѓувреме, по разрешувањето на Златко Перински од Водовод вчера, денеска ова големо комунално претпријатие доби нов в.д. директор и беше назначен Марјан Митовски.
