Вести Македонија

Тетовски вестерн: Со кражба на добиток наплаќал долг

41-годишен жител на тетовско Селце-Кеч е уапсен вчера поради кражба на добиток од жител на Мала Речица.

Крадецот на добиток е фатен вчера, а украдените околу 20 крави и над 100 овци (вредност од околу 40 илјади евра) се вратени на сопственикот.

Кражбата како во вестерн филмовите се случила поради долг во пари, па доверителот не можел да го чека 48-годишниот должник и отишол и му ги испразнил шталата и трлото во населбата Вонвардарска на периферија на Тетово.

СВР Тетово соопшти дека кражбата се случила „поради претходни нерасчистени должничко-доверитeлски односи“ и на крадецот „ќе му биде изготвен соодветен поднесок.“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе