Вести Најважни Свет

„Телеграф.рс“: Нерасчистени сметки за кирија причина за масакрот во Цетиње

Убиецот Вук Бориловиќ, масакрот го извршил по расправија со семејство кое живеело кај него како потстанари, откако претходно настанала кавга за нерасчистени сметки и доцнење со исплаќањето на киријата, објавува „Телеграф.рс“,. Ваквите информации за нив ги дал извор близок до семејството.

Според изворот на Телеграф, Бориловиќ извршил притисок врз жената која била потстанар, а таа потоа му се пожалила на сопругот, кој бил на пат. Сопругот повикал пријател кој отишол кај Бориловиќ и оттука започнала расправијата. Потоа Бориловиќ прво го убил пријателот на семејството кое живеело со него, а потоа и останатите.

Престрелката се случила околу 16:00 часот, а според информациите вооруженото лице пред да биде убиено ја попречувало брзата помош да дојде до повредените.

Во масакрот во Цетиње според неофицијални информации настрадаа 11 лица, меѓу нив и деца а повредени се најмалку 6, од кои три се потешко повредени и се наоѓаат во Општата болница Цетиње. Тие се на одделот за хирургија и лекарите се борат за нивните животи.

Се стравува дека број на жртви може да биде уште поголем со оглед дека во Клиничкиот центар на Црна Гора се испратени неколку возила на брза помош со повредени. Меѓу ранетите е и еден полициски службеник.

„Се случи трагедија што Црна Гора не ја памети. Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора да бидат со семејствата на невините жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на главниот град Цетиње“, напиша на Телеграм црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.

Според засега непотврдени информации, кои исто така ги објави Телеграф, Бориловиќ наводно се лекувал во психијатриска установа од која неодамна бил пуштен.

Делот од градот во Цетиње каде се случи масакрот е блокиран, а на местото се собраа голем број граѓани. Во земјата прогласена е тридневна жалост.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе