Во Македонија сепак нема случај на мајмунски сипаници. И 43 годишниот кичевец за кој постоеше сомнеж дека можеби е заразен, доби негативни резултати на тестот. Ваквата информација ја потврди портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.
Пациентот е негативен, нема потреба за понатамошна изолација, останува единствено да се третира за основната болест, но како ќе се третира и кога ќе биде укината изолацијата ќе одлучи Центарот за јавно здравје од Битола кој што го води здравствениот надзор, информира Мехмедовиќ.
За него постоеше сомнеж дека можеби е инфициран со вирусот бидејќи имаше дел од симптомите кои се карактеристични за мајмунски сипаници и кои ги добил по престој во странство.
Лицето претходно одбиваше да даде брис за да се потврди дали е инфициран се до денеска кога од центарот за јавно здравје зедоа примерок и направија тест.
Министерот за здравство одлучи лицето да се стави под т.н. „здравствен надзор“.
