Вести Македонија Најважни

Ќучук: Доколку Бугарите не се вклучат во Уставот, тоа ќе го блокира патот на Северна Македонија кон ЕУ

Доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски својата кампања ја води со ставови против Бугарија и се противи на вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата, тоа ќе го блокира патот на Македонија кон ЕУ, изјави бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучик.

Процесот на преговори меѓу ЕУ и Република Северна Македонија се уште не е започнат, бидејќи се чека да заврши скринингот, кој ќе потрае извесно време. Од бугарското искуство знаеме дека тоа трае од година и половина до две години и мора да се дадат оценките за тој скрининг, вели Ќучук за софиската телевизија бТВ.

Тој нагласува дека „францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтеграцијата на земјава претставува предлог на Европската Унија, бидејќи е прифатен со консензус од сите членки на ЕУ, ја доби и потребната политичка поддршка, како во бугарското, така и во македонското Собрание.

Согласно „францускиот предлог“, преговорите на земјава по кластери и поглавја треба да почне по завршувањето на процесот на скрининг, но и по вклучувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот во редот на останатите делови од народи што живеат во државата.

За жал, во македонскиот Парламент, „францускиот предлог“ беше прифатен само со гласовите на владејачките и дел од опозициските партии. Најголемата опозициска партија категорично се спротивстави на овој предлог и најави дека нема да гласа за измените на Уставот и вклучувањето на Бугарите во нивниот Устав. Ова, би рекол, е многу тажен развој на настаните, додаде Ќучук.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе