Вести Македонија Најважни

И новите наставни програми ќе стартуваат без учебници?

Препознавање на стереотипи и предрасуди и други видови на дискриминација, со истовремено анализирање на концептот на човековите права и правата на децата, со препознавање на нивна повреда и преземање на активности за нивно неселективно почитување, остануваат во наставната програма за седумгодишните деца во второ одделение, кое за нив ја изготвило Бирото за развој на образованието за учебникот по Општество. Од Министерството за образование денеска за Телма информираа дека за наставната програма за предметот Општество од второ одделение и Историја за петто одделение веќе се спроведува постапка за набавка на нови учебници според новата програма.

Бирото за развој на образованието е институцијата која согласно надлежностите спроведува постапки за изработка на наставни програми за основно образование и во целиот процес учествува стручниот кадар, односно вработените советници по секој предмет. Потоа, врз основа на секоја нова наставна програма, Педагошката служба при МОН спроведува постапка за набавка на учебник. Информираме дека во моментов во тек е постапка за набавка на учебници по сите предмети од прво, второ, четврто и петто одделение, за кои се изготвени нови наставни програми, се вели во одговорот од Министерството.

Според информациите на Телма, се уште не е избран автор т.е. текст кој новата наставна програма ќе ја формулир разбириливо за седумгодишни деца. Меѓу другото тој ќе треба да им срочи и лекции преку која ќе треба да ги научат да ги идентификуваат и различните компоненти на сопствениот идентитет, но и да прават процена сопствените силни и слаби страни и според тоа да определува своите приоритети.

Но освен со наставна програма, проблем за второоделенците, но и за учениците од прво, четврто и петто одделени, може да биде што тие учебната година ќе ја започнат без учебници.

Според информациите на Телма повикот јавната за набавка на учебници за овие четири години од основното образование се уште е во тек, по што по сите процедури и рокови на јавната набавка тие најрано би ги добиле учебниците во октомври, а ако се пролонгира периодот на жалби, првооделенците, второоделенците, четвртооделенците и петтоодленците може без учебници да останат и до нова година.

Инаку веќе два месеци доцнат и сведителствата, откако Бирото за развој на образование и оваа година не обезбеди доволно сведителства за сите ученици.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе