Слепо лице од радовишко село останало три дена без леб за време на карантинските месеци. Ова е само дел од низата од проблеми со кои се соочиле слепите лица за време на вонредната состојба. За разлика од радовишанецот кој живее сам, штипјанките Благородна Ристова и Ливатна Дивчова стравот и депресијата во време на пандемија ги победувале со семејствата, едната во куќа, а другата во стан.
Спред анализите на психолозите по пандемијата, околу 20 % од населението на земјината топка ќе страда од депресија, а посебно ќе биде изразено кај лицата со било каков хендикеп.
Здружението на слепи слица пред есенскиот бран на коронавирусот ќе побара обука на професионални асистенти за нивните членови, а по примерот на Скопје, Битола и Куманово.
Лицата со белите стапови живеат во темнина, таа на почеток им носела болка, срам, дискриминација. Коронавирусот на сите им го поремети животот, токму стоте членови на штипското здружение со средства од Владата преку проект наредните месеци ќе ги надминуваат психолошките, но и економски предизвици.
Викторија Јованова