Македонија Топ вести

Алгоритам за наставниците – што да прават ако ученик е заразен или сомнителен на корона вирусот

Наставнциите деновиве добија насоки што да направат ако некој ученик крене температура, каплам или е исцрпен – симпотоми кои се карактеристични за КОВИД – 19. Во документот кој  стасал до наставниците во основните и средните училшта потенцирано е дека  , секое училиште ќе мора да назначи одговорно лице кое ќе мора да контактира со Центарот за јавно здравје, ако во школото некое дете заболи или е сомнително на корона вирусот.

„Доколку ученик за време на престој во училиште развие покачена телесна температура над 37,5 Целзиусови степени и има симптоми карактеристични на Ковид-19 (исцрпеност, кашлица, отежнато дишење, пролив, повраќање и др.), веднаш се изолира во посебна просторија за изолација во училиштето. Додека ученикот е во изолација за него се грижи определено лице назначено од училиштето. Назначеното одговорно лице од училиштето веднаш го известува и повикува родителот/старателот да дојде во училиштето“ – Алгоритам за постапка при појава на дете со симптоми на КОВИД – 19

 

Следен чекор е јавуавањето во ЦЈЗ и матичниот лекар или педијатар на ученикот. По направената епидемиолошка анкета , се одлучува дали на ученикот ќе му биде направен ПЦР тест. Ако тестот е позитивен задача на епидемиолозите ќе биде да направат проценка дали соучениците на ковид позитивниот ученик ќе одат во изолација. Решение за изолација како и досега , ќе издаваат здравствените инспектори, а за можното ковид –жариште ќе мора да се извести и МОН.

„Надлежниот епидемиолог организира спроведување на вонредна дезинфекција во училиштето. Назначеното лице одоговорно за контакт го известува Министерството за образование и наука за појава на потврден случај на Ковид-19 во училиштето“ –  Алгоритам за постапка при појава на дете со симптоми на КОВИД – 19.

 Второто сценарио е негативен тест на ученик кој се тестирал . Во документот стои дека оние ученици со негативен резулатат со потврда со матичен лекар дека немаат симптоми , ќе се вратат назад на училиште. Контролата врз спроведување класичната настава во ек на пандемија ја врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат .Од овие процедури и грижи ќе бидат поштедени оние кои ќе следат онлајн настава . Но ,сепак како ќе изгледа најавената национална платформа за он – лајн учење не е познато, но од МОН велат дека  таа воо овој момент тест верзија.

Инаку наставата ќе почне на 1 октомври. Учениците до 3. одделение ќе одат во училиште со дозвола на родителот, а другите ќе имаат онлајн-настава. Класична настава може да има и во други одделенија или класови во училишта ако тоа го дозволува епидемиолошката слика, односно ако одобри државата.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Стојковски: Фазната интеграција мора да води до полноправно членство, но недостасува предвидливост во процесот

Дејан Дејан

Тилев: Новиот нон-пејпер нуди конкретни чекори за побрза интеграција, но Македонија мора прво да го отвори кластерот „Фундаменти“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе