Бугарскиот претседател Румен Радев ја повикува владата да си даде оставка повторувајќи ги барањата на демонстрантите, кои бараат премиер и главниот обвинител да ги напуштат функциите, бидејќи дозволиле олигархиската мафија да ја преземе контролата во земјата.
Најмалку 120 демонстранти се приведени, а околу 100 полицајци се повредени, од кои 15 завршија во болница по синоќешните најголени протести досега во двомесечните кампувања и собири пред бугарскиот парламент.
Со обрач од полицајци во целосна воена опрема власта го бранеше законодавниот дом врз нив демонстрантите фрлаа камења, пластични, шишиња, јајца и ѓубре. Покрај бројните апсења полицијата употреби и солзавец против нив. Првиот човек на софиската полицјата Златанов вели дека во синоќешниот долг маратон на немири имало многу бомби, импровизирани експлозивни направи, а бил запален и полициски автобус.
Искрено и силно се надевам дека промената може да се случи без налиство и по мирен пат. Иако, како што гледаме во другите земји, преомената е тешка. Се надевам дека во парламентот остана уште малку здрав разум. Од тоа зависи дали ќе биде мирно или не, се ќе биде на нивна совест и одговорност, вели Бостра Чорбаџинска, демонстрант.
И претседателот Радев излезот од оваа слепа улица го гледа само во оставката од Борисов, кој пак не отстапува денеска е во обид да ги придобие пратениците од опозицијата, чии гласови му се потреби за изгласување на устаните измени. Неопходен потег кој ќе му овозможи да остане на власт до редовните избори следниот март. Радев со контрапорака до парламентарците да го отфрлат Борисов, бидејќи како што вели измените на новиот устав не ги изнесе луѓето на улица, туку недостатокот на морал во владеењето, ерозија на државноста и корупцијата. Од владеачката ГЕРБ сметаат дека Радев има политичка одговорност за она што се случи синоќа, бидејќи тој повикува на радикализирање на протестот.
Билјана Ставрова