Поради зголемената раздвиженост, малиот процент на вакцинирани против коронавирусот дојде до опаѓање на имунитетот, коментираат лекарите од скопската Итна помош во редовниот рапорт за Утринската програма на Телма.
Секојдневно расте бројот на ковид позитивни. Дневно се јавуваат по 20 заразени пациенти на инфективната клинка за преглед.
Во моментов, хоспитализирани се десет пациенти на Инфективната клиника и само неколку се со тешка клиничка слика. Во изминативе три дена се направени 1 695 тестирања, регистрирани се 290 нови случаи на КОВИД-19, од кои најмногу се од Скопје-186.
Дека бројките растат, а и дека не треба да ги заборавиме мерките за маски во затворено, говорат и од Итната медицинска помош во Утринската на Телма.