Австралија сака да ги прошири и продлабочи безбедносните врски со Јапонија, изјави денеска австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс, кој е во посета на Токио, пренесе Ројтерс.
„Јасно е дека нашиот регион се соочува со најсложените стратешки околности со кои се соочивме од крајот на Втората светска војна“, рече Марлс на заедничката прес-конференција со јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши.
Двајцата сојузници ја засилуваат безбедносната соработка за да се спротивстават на зголеменото влијание на Кина во Азија.
Руската инвазија на Украина поттикнува продлабочување на врските, бидејќи постојат стравувања дека може да ја поттикне Кина да употреби сила против Тајван, објави Ројтерс.
