Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска објави дека ќе бидат воведени визни ограничувања за уште 93 лица за кои се верува дека ја поткопуваат демократијата во Никарагва, објави Ројтерс.
Според него, мерката, која ги засега судиите, пратениците и службениците на Министерството за внатрешни работи на Никарагва, е поврзана со „легитимниот“ реизбор на Даниел Ортега за претседател на државата Латинска Америка.
Вашингтон „останува длабоко загрижен“ поради незаконското притворање на политичките затвореници и континуираниот прогон на членовите на граѓанското општество во Никарагва, додаде Блинкен.
