Гувернерката на Њујорк, Кејти Хокел, потпиша законски пакет со кој ги штити оние кои сакаат да абортираат од медицинските асистенти во нивната држава од гонење во други држави кои ја ограничуваат процедурата, објави Ројтерс.
Речиси 26 држави имаат намера да забранат абортуси доколку Врховниот суд на САД гласа за неважечки случајот Рој против Вејд во 1973 година, кој го легализира абортусот на национално ниво. Протечените информации за предлог судска одлука укажуваат дека неговото конзервативно мнозинство има намера да го елиминира уставното право на абортус. Конечната одлука за случајот се очекува наскоро.
Њујоршкиот закон ги штити асистентите за абортус и нивните пациенти од бранот закони против абортусот во некои конзервативни држави предводени од Тексас, кои им дозволуваат на приватни лица да гонат секој кој поддржува или поттикнува абортус. Новото законодавство во Њујорк им дозволува на асистентите за абортус и нивните пациенти да ги тужат сите што ќе се обидат да покренат обвиненија против нив.
