Вести Македонија

Земјоделците од Лозово три години ги чекаат парите за штети од невремето

Трета година по ред земјоделците од Лозово ги чекаат парите за штетите од невреме.

Добија ветување дека парите ќе им се исплатат наскоро, но овие земјоделци кои во рок од пет дена во три наврати силниот ветар, град и пороен дожд им направи штети на посевите не веруваат ниту во државта, ниту во осигурителните компании.

Недореченостите при осигурување на посевите ја натераа државата да го сработи нацрт предлог законот за задолжително земјоделско осигурување.

Од наредната година се очекува неговата примена, без осигурување земјоделците нема да можат да конкурираат за субвенции. Реализацијата ќе биде  преку нов државен Фонд.

Според предлог Законот 20% од премијата ќе биде на товар на Фондот, а земјоделците што претрпеле штета ќе имаат скалеста исплата на  настанатата штета.

Земјоделските стопанства со склучување на договорот за осигурување плаќаат од 30% до 80% од Премијата за осигурување со што во случај на исполнување на условите за исплата на штета се стекнуваат со право на соодветна осигурителната сума и тоа:

– со платени  30% од  Премијата се стекнуваат до 50% од осигурителната сума,

– со платени  40% од  Премијата се стекнуваат до 60% од осигурителната сума,

– со платени  50% од  Премијата се стекнуваат до 70% од осигурителната сума,

– со платени  60% од  Премијата се стекнуваат до 80% од осигурителната сума,

– со платени  70% од  Премијата се стекнуваат до 90% од осигурителната сума,

– со платени  80% од  Премијата се стекнуваат до 100% од осигурителната сума, стои во предлог Законот за задолжително земјоделско осигурување.

Во првите три месеци државата на земјоделците на име на штети им исплатила околу 4,5 милиони евра, додека осигурителните компании 400.000 евра, а од 11 компании само 4 нудат земјоделско оисгурување.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

Дејан Дејан

Косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател

Дејан Дејан

Министерот без ресор Шабан Салиу со порака: Дали македонскиот правосуден систем е свесен дека намерно создаваат нови жртви?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе