Вести Македонија Најважни

Од невремето настрадаа струмичкиот бостан и овошните насади во Преспа – се проценуваат штетите

По силното невреме кое вчера ја зафати нашата земја од денеска ќе започне проценка на штетата. Најпогодени беа Полог, Пелагонија, Велешко, Светиниколско, Скопско и Кумановско. Од поплавените улици водата навлезе и во подрумите на куќите и зградите, силниот ветер уриваше и дрвја. Струмица јавува дека големи штети има на посевите на отворено, најмногу настрадал бостанот. Тука наврнал и најмногу дожд – 43 литри на метар квадратен.

И овошните насади во Преспа не беа поштедени. Дождот проследен со град направил и тука сериозни штети. Во Тетово, исто така поројниот дожд буквално направи мали езера на улиците, навлезе и во подрумите на куќите и зградите, а поплавена е и тетовската уметничка галерија.

Градоначалникот Касами рече дека лошите инвестиции во атмосферската канализација во Тетово го дале својот резултат, и најави дека за штетите кои допрва ќе се проценуваат ќе бара помош од владата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе