Вести Култура Топ вести

Кевин Спејси е обвинет за сексуален напад врз тројца мажи

Американскиот актер Кевин Спејси е обвинет за сексуален напад врз тројца мажи, соопшти  британското обвинителство.

Спејси, исто така, беше обвинет за едно обвинение за предизвикување на лице да се вклучи во сексуална активност без согласност.

Обвиненијата се однесуваат на два наводни инциденти во Лондон во 2005 година, а други два во 2008 година и дополнителен инцидент во Глостершир, западна Англија, во 2013 година.

Жртвата на инцидентите во 2005 година сега има 40-ти години, додека двајцата мажи, наводно вклучени во инцидентите во 2008 и во 2013 година, сега се на возраст од 30 години.

Одлуката за обвинение за Спејси следи по прегледот на доказите собрани од Метрополитен полициската служба.

Спејси моментално не е во Англија или Велс, па обвиненијата не може формално да се применат додека тој не влезе во една од тие земји, објавува CNN, без да прецизира дали за него ќе бара екстрадиција.

Спејси е добитник на Оскар, а беше уметнички директор на лондонскиот театар „Олд Вик“ од 2003 до 2015 година. Тој, исто така, глумеше во политичката серија на Нетфликс „House of Cards“ и се врати на актерството во изминатата година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„ Кимоно инспирации“ од влијанието на јапонската култура и традиција врз уметникот Благој Мицевски

Дејан Дејан

Трипати Мицкоски, еднаш Ковачевски, ниту еднаш Ахмети- кој беше споменат во говорот на новиот претседател Силјановска

Дејан Дејан

Едно лице загина, многумина се повредени при удар на зграда во јужна Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе