Вести Култура

Ристо Стефановски е корифеј на македонскиот театар

Ретки се личностите во нашето општество каков што беше Ристо Стефановски, кои до последен здив се посветени на фрагилната, но воедно и моќна дејност, каков што е театарот.

Стефановски работеше во сферата на менаџирањето, развојот и архивирањето на постигнувањата во нашиот театарски простор, рече актерката Весна Петрушевска, пренесувајки ја пораката од колепката Милица Стојанова , по повод смртта на нејзиниот колега од Средната државна театарска школа и директор на Драмски театар.

Роден во Скопје, студирал актерска игра на Театарската академија во Белград, но во 70 –тите години на минатиот век дипломирал на отсекот организација.Во раните студентски години во Белград другарувал, но и гладувал заедно со неговиот цимер Љуба Тадиќ.

Актерската кариера ја започнал во Народниот театар , а од 1957 раководел со Куклениот, кој подоцна се трансформирал во Градски, па во Младинско- детски, за да заврши како Драмски театар.

Најголемиот подем и успеси, со над 70 награди на фестивалите во регионот, Драмски ги освоил за време на директорувањето на Ристо Стефановски.

Стефановски го уредуваше списанието „Театарски гласник“.А,  автор е и на 12 тома- книги „Театарот во Македонија“, како и на други публикации.

За успешната работа добитник е на највисоките државни и награди за животно дело- од фестивалите „Стеријно позорје“ и „Војдан Чернодрински“.

Освоил ордени за труд, „13- то ноемвриска награда“, а одликуван е и од Француската влада. Ќе остане запаметен како корифеј на македонскиот театар за кој немаше – не можам и не може. Сè во име на театарот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе