Вести Македонија Најважни

Македонската претставничка Андреа го фрли државното знаме – МРТ со осуда и размислува за нејзино повлекување од Евровизија

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска го фрли македонското знаме при фотографирањето на тиркизниот тепих.

Ваквото однесување на евровизиската претставничка предизвика гнев кај граѓаните, кои бараат нејзино повлекување од Евровизија.

По скандалот, се огласија и од Македонската радио телевизија, кои го осудија овој гест и ја разгледуваат можноста за нејзино повлекување од музичкиот настан.

„Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.

 

Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон.

 

МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ.

 

Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал“, велат од МРТ.

Според Член 8 – Грбот и знамето на Република Македонија, како и грбовите и знамињата на други држави и меѓународни организации кои се употребуваат во Република Македонија согласно со одредбите на овој закон, не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демократите го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран

Kristina Kuzmanovski

Александар Лазаров – Цуна кој избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, уапсен е во Скопје

Дејан Дејан

Бугарија има најмногу болнички кревети на 100 000 жители – 870, каква е состојбата во Македонија?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе