Вести Код Македонија Топ вести

КОД – Како 6 медицински лица се грижат за здравјето на над 1200 затвореници?

Како изгледа затворската амбуланта во Идризово, во какви услови 6 медицински лица и само една лекарка се грижат за здравјето на над илјада и двесте затвореници.

Ова е дел од содржините на КОД вечерва, во која се открива и како во ходниците на судот и обвинителството заглави барањето за отпуст на затвореник од Албанија, болен од рак кој почина во затворот. Уште 6-мина затвореници во Идризово имаат малигни заболувања, а голем проблем е и грижата за зависниците која се одвива во мизерни услови.

Лани во август, на уште еден затвореник, но домашен од Македонија му бил дијагностициран канцер, но на бубрег.

Неколкупати имало обид да биде опериран побрзо, но короната и ковид-центрите го успориле целиот процес.

На крај е опериран двапати, извадени му се повеќе внатрешни органи и по болничко лекување, повтрно е вратен зад решетките во Идризово. Се држи, но му треба вистинска болничка нега,ни објаснува лекарката Николова.

Таа ни покажа и докумемнт дека уште на 23-ти август лани ги известила директорите на затворот и на Управата за овој заболен од рак, затвореник.

Но, битката за лекарска грижа и интервенции ги водела сама, а досега никој не и одговорил назад што и како да се преземе со болниот од рак кој со отворена утроба и кеса за мокрење е во затворска келија.

Во Идризово има уште 4-ца затвореници кои се сомнителни дека се заболени од канцер и за кои се вршат проверки на здравствената состојба.

Еден затвореник е болен од ретка болест која при нервоза му предизвикува брзо формирање на отоци по телото и по гушата, при што може да се задуши. Кога на лекарите во Идризово ќе им заврши смена, терапијата во случај на напад мора да му ја дадат затворските чувари.

Има и двајца болни од цироза, тешка болест предизвикана од зависности на затворениците.

На осуденик болен од анемија, Трансфузиологија предложила да му се дава крвна трансфузија во затворски услови кои се целосно спротивни од препишаните за таков медицински зафат.

А сите овие пациенти не се дел од Мој термин.

Кога КОД беше во Идризово, аптеката беше прилишно полна со лекови од позитивна листа. Но на крај на месецот рафторвите се празни.

Оваа терапија е бесплатна, но она што не е на позитивна листа е на сметка на затворениците.

Токму грижата за нарко-зависниците е најголем проблем. На мало шалтерче покрај валкани картонски кутии се дели метадон секој ден.

Кога бевме таму, вкупно 207 затвореници подигнале и испиле метадонска терапија.

Секој пети затвореник во Идризово е на терапија за одвикнување. И тоа без психолог и психијатар.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе