Со звуците на „Интернационалата“ и „Бела чао“ почна денешниот традиционале првомајски протест на работниците организиран од ССМ. „Држава ви изградивме без плата не оставивте“, „Луксузот ваш е од трудот наш“, „Се да застане работникот да опстане“, „Цените пораснаа, платите пордпаднаас“ беа само дел од пораките испишани на транспарентите кои ги носеа работниците марширајчи по скопските улици.
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, ги повтори барањата за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари на сите вработени и тоа уште од утре и потпишување на општ колективен договор со кој работниците ќе може да ги уживаат сите права кои им следуваат со закон. На работодавачите им беше испратена јасна порака, или ќе се повлече преставката пред уставниот суд со која се оспорува недела како неработен ден или ќе се соочќат со штрајк. „ако губиме ние ќе губите и вие“, порача Димовски.
Проестот е единствен начин власта да го чуе гласот на работниците а отсуството на слух е причината поради која социјалниот дијалог замрел. Синдикатот со месеци укажувал на стагнација и на вложувањето на состојбата на работниците но тоа не допрело до оние кои исто така треба да ги засега. Барањата се јасни и Владата и работодавачите мора да ги прифатат сметаат синдикалците
Масовно членство во синдикалните организации е единствениот начин преку кој работниците ќе се изборат за своите права гласеше една од прокатите на протестот.
Пред Владата на синдикалниот протест се појавија и вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска без да појасната во кое својство, како работници или работодвачи. Порачаа дека им даваат поддршка на работниците и дека се борат за нивните права. Минималната плата од 18 илјади денари е загарантирана и за тие што не ја исплаќаат најавија казни.
Огнен Чанчаревиќ
