Кој ги урива работничките права за да им се додворува на министрите, кој во чив синдикат се меша, и кој чив штрајк подржува или не подржува? Дебатата во Топ Тема помеѓу Благоја Ралповски од Конфедерациајта на слободни синдикати и Дарко Димовски од Сојузот на сидникати на Македонија ги судрија ставовите за барањата за зголемување на платите во јавниот и приватниот сектор и нивното различно разбирање за висината на покачувањето. Ралповски и Димовски ги судрија ставовите и околу штрајкот на СОНК. Димовски посочи дека при претходното покачување на минималната плата СОНК потпишал посебни спогодби кои биле противзаконски.
СОНК требаше да си ја усогласи платата. Но јас видов дека му извадиле спогодби каде што утврдувале некаков си износ во образованието од некои си 10.003 денари, да биде основицата на наставникот а тогаш била минималната плата 14.500 денари. Зошто го направиле тоа спогодбено, можеби некој го рушел законот? И сега ние не треба тука да кажуваме дилеми, ние треба да го видиме колективниот договор кој сме го потишале, еве ние, не Јаким кој во моментов не е тука, секој во својот грански синдикат и треба да го гледаме законот. И да најдеме нова методологија како да го избегнеме тоа 6 месеци, бидејќи гледаме дека инфалцијата секојдневно расте. И да отвориме преговори и да утврдиме такво право во општиот колективен договор, каде што ќе кажеме на кој начин ќе се зголемуваат, и што ќе се зголемуваат останатите плати со порастот на таа минималната, вели Димовски.
Ралповски од друга страна му забележа дека нема право да се меша во штрајкот на СОНК, посочувајќи дека СОНК, исто како и КСС, овие работи ги бараат веќе 5 години.
Морам да кажам дека лани кога седнавме во ССМ заедно со вас да разговараме, по моја инициајтива, си подадовме рака дека ќе одиме до крај. На првата кривина на економско-социјалниот совет нѐ истумбавте. Дали и тогаш го баравме, да го баравме. Дали тогаш дознавте и ви беше појасно за членот 8 за минимална плата. Тоа што го бараме ние, фала Богу и на телевизиите и медиуми и кај сите други синдикати почна да се зборува секојдневно за оваа тема. Тоа е нашиот успех , што ги подигнавме работничките права на едно повисоко ниво, и секој од работниците знае што му следува согалсно законот, тврди Ралповски.
Димовски тврди дека треба да се направи општ колектиен договор кој ќе ги ошфати сите дејности и професии.
Синдикатот не треба да му дозволи на работодавачот со закон да му уредува минимална плата, треба со колективен договор, кој што е двостран акт, каде што има улога и синдикатот, утре ако сака да го смени законски ќе го смени одма, а во колективен договор без двата потписи не може да го смени, смета Димовски.
Ралповски пак му одговори дека општ колективен договор не може да биде постигнат.
Да бидеме јасни пред јавноста, ти не можеш со општ колективен договор да уредиш плати во цел јавен сектор. Таму имаш систем на плати, кој го има низ цела поранешна Југославија, и тоа е еден огромен процес, каде што има илјадници професии. Вие сте го слушнале тоа но вие не знаете дека тоа е еден огромен процес. Тоа не може во општ колективен договор, тоа е закон за систем на плати и треба да се сложат сите синдиакти, и сите синдиакти да си го утврдат коефициентот на сложеност. Кој ќе ти даде право, ти сам да биде репрезенатативен, рече Ралповски.
