Без објавена агенда на посетата и без изјава за медиумите, еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, утрово ги започна средбите со државните и политичките претставници на Македонија, откако вчера во Софија, одржа нова рунда разговори со бугарскиот претедател, Румен Радев и премиер, Кирил Петков. Утрово тој час и половина се задржа во македонската влада каде разговараше со премиерот Димитар Ковачевски, а на средбата присуствувааи вицепремирот за европски праашања, Бојан Маричиќ, но и шефот на дипломатијата, Бујар Османи, во рамки на чие министерство се одвиваат политичките разговори со Бугарија.
Вархеи освен со владината тројка, Ковачевски, Маричиќ и Османи, во македонското Собрание ќе разговара и со првиот парламентарец, Талат Џафери, како и со лидерите на ДУИ, Али Ахмети и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Вархеи кој вчера од конференција во Софија за пристапувањето на Западниот Балкан во ЕУ рече дека ќе доаѓа на разговори толку колку потребно за да се откочи процесот и во јуни да започнат преговорите со земјава, бидејќи како што рече Унијата веќе нема интерес да губи време на тоа, по сребите во Софија на даде изјава за медиумите, како што и денеска во Скопје ги избегна новинарските прашња и на влегување и на излегување од владата.
