Вести Македонија Најважни

Притисоците  врз штрајкувачите се засилуваат, но тоа нема да не поколеба , велат од СОНК

Започна втората недела откако СОНК спроведува штрајк во училиштата и градинките,  по вчерашната одлука на Советот на синдикатот да не го прифати предлогот на владата за зголемување  на платите, во просек за 2500 денари, за што се изјаснија 95 % од синдикалните организации.

Според нив, исплатата само на придонесите додека штрајкуваат, што вчера ја најави владата и обидот да се ангажира заменски кадар во училиштата и градинките, се притисоци кои не значат ништо.

„Тие ниски удари и тие закани што во текот на викендот и претходната недела ги трпиме, нема да не поколебаат. Кратењето на дневниците и заменските наставници не значат ништо. Прво се обидоа со заменски наставници , па видео дека не можат да се најдат такви луѓе. Со кратењето на дневниците, не знам по кој основ како ќе ги скратат кога ние сме 8 часа во градинка, тука“ – вели претседателската на синдикалната организација при СОНК во ЈДГ „8-ми Март“ – Кисела Вода.

Во 7 објекти на градинката „ 8 Март“, во Скопје,  од утрово се згрижени околу 200 деца.

А, во клонот во Драчево, каде сите вработени штрајкуваат, за децата се грижи несоодветен заменски кадар од другите клонови на градинката, велат од СОНК.

„Само тројца кои што ги згрижуваат сите деца кои  се во моментот во градинката.Значи тоа е една голема бројка. Измешан состав и возраст на дечиња. Воопшто не се нивните воспитувачи или негователи“ – вели Лена Спасеновска Поповска- претседател на регионален одбор на СОНК за Општина Кисела Вода .

Обврската за обезбедување заменски воспитувачи и негувателки во градинките каде продолжува штрајкот, останува. СОНК требаше  да ја прифати последната понуда на владата за пораст на платите за 10%, со што зголемувањето од крајот на 2019 до сега би било за 31%, рече министерката за труд и социјална политика.

„Навистина, неприфаќањето на таквото решение не претставува ништо друго туку уцена и грижа за личните интереси на СОНК, а не за интересите на децата и на учениците“ – вели министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

На фејсбук реагираше и премиерот.

„Владата прави сѐ што треба за да го одржи дијалогот и да најде заеднички јазик, но барањата и односот на СОНК се целосно неприфатливи. Местото на децата е во училиштата и во оваа ситуација единствено СОНК и раководството се одговорни за тоа што тие не го остваруваат правото на образование“- напиша на ФБ, премиерот Димитар Ковачевски.

СОНК останува на барањето за зголемување на платите за 18, 4%, согласно порастот на минималецот.

По двете неуспешни средби минатата недела, меѓу СОНК и владата за сега нема најава за нова.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе