Трет ден по ред трае молкот од владините институции за приватната посета на речиси целиот државен врв на Бугарија за отворање на Клуб во Македонија кој го носи името на соработникот на фашистите во Втората светска војна, Иван Ванчо Михајлов, од страна на здружение финансирано од бугарската држава.
Приватната посета на бугарските претставници на покана на здружение на Бугари од Битола, кое од македонските официјални претставници беше именувана како „приватна“, прерасна во скандал откако јавноста го дозна името на Клубот кој дојдоа да го отворат, лично бугарскиот премиер, потпретседателката на Бугарија и шефицата на бугарската дипломатија, но и тоа што здружението кое го отвори Клубот е финансирано од бугарската држава.
Телма побара одговори од надлежните за тоа кога почнале подготовките за посетата на бугарската висока делегација на Битола и дали за тоа имало исвестување или покана до македонското МНР, но и кој е протоколот за организирање на вакви настани со високи странски гости, со оглед дека настанот помина бе какво и да е присуство на официјални македонски претставници.
Но до почетокот на овие вести единствено добивме одговор од македонската влада која не преупати одговорите на прашањата да ги бараме од МНР како надлежно министерство.
Од МНР пак добивме само потврда дека ги добиле нашите прашања и доколку имаат одговор на нив ќе бидеме известени.
Засега нема одговор и како е можно отворањена на Клуб на здружение на Бугарите во Македонија, финансирано од страна на бугарската држава, да не се смета за настан организиран токму од страна на бугарската држава, но и зошто до сега ниту една државна институција не реагирала на името „Ванчо Михајлов“ и дали тоа значи рехабилитација на фашистичките соработници во Македонија.
Првиот човек на македонскиот тим во Комсијата за историските прашања со Бугарија Драги Ѓоргиев, за изборот на името на Клубот за Телма вели дека е избрана една историска личност за која однапред се знае дека ќе предизвика реакција во македонското општество, односно кај Македонците.
„Она што загрижува е фактот дека се игнорираат чувствата на Македонците и не постои воопшто грижа за тоа какво влијание ќе има тоа именување врз меѓусебните односи на двата народа. Без разлика на тоа каква е содржината за Ванчо Михајлов кај бугарската заедница, таа содржина кај Македонците е крајно негативна и тоа треба да се почитува кога се именува културен клуб во македонската држава. Пропуштена е шанса тој клуб да биде именуван со име на личност која навистина ќе придонесеше за приближување и за зголемување на меѓусебната доверба“, вели Ѓоргиев.
Ѓоргиев на прашањето дали ваквиот потег на бугарските официјални лица да присуствуваат на отворање на Клубот со такво име, но и несоодветнот реагирање од македонските институции, може да влијае врз работата на Комисијата, сообено кога ќе го отворат периодот на Втората светска војна вели дека постапките и изјавите на политичарите за работата на Комисијата треба да бидат во насока на создавање на услови за професионална и од политички влијанија ослободена работа на членовите на Комисијата.
„Ние несомнено работиме во одреден политички и општествен контекст и неизбежно тоа има влијае врз нашите активности и разговори, но мислам дека засега успеаваме да ја држиме работата настрана од влијанијата на политичките случувања, колку и да се тие турболентни“ – вели Ѓоргиев.
Скандалот со Клубот на Бугарите во земјава – Ванчо Михајлов ја откри и асиметријата во Договорот за добрососедство меѓу двете земји, односно дека Членот 11 став 5 и за немешање во внатрешните работи на Бугарија за заштита на статусот и правата на граѓаните кои не се државјани, додека истата обврска за немешање ја нема за Бугарија.
Но освен нерамноправниот односи меѓу двете земји во овој член, бугарските официјални претставници во саботата го прекршија, а мекедонските институци го премолчеа, ставот 6 од истиот од Договорот кој ги обврзува двете земји да ги обесхрабруваат дејности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетиле на нивните односи.
Тамара Грнчароска
