Магазин

НЕШТО КОНКРЕТНО (недела – 14:35)

Конечно „НЕШТО КОНКРЕТНО“на телевизија!

Сите најмалку еднаш сме рекле, дека на телевизија нема ништо конкретно за гледање, конечно дојде крајот на тоа време, во етерот наскоро ќе може да се гледа ,, Нешто конкретно”.
Станува збор за забавна емисија во која тема на муабет ќе бидат женко – машките односи и сите “табу” теми за кои ретко јавно се зборува. Јавните личности, но и експертите од областа без влакна на јазикот ќе одговараат на провокативните прашања на Снеже Велков. Ќе ја тераме дебатата за нештата кои можеби сите ги мислиме, но ретко ги кажуваме.
Постојат ли вистински мажи и како тие треба да изгледаат?
Како се доживува моментот кога PMS доаѓа во посета на секое семејство?
Зошто мажите и жените се подоцна, или воопшто не стапуваат во брак?
Има ли вистински мажи во државава?
И дали и како облеката го прави човекот?
Има ли втора шанса зa прв брак?

Чисто да си знаете оваа емисија, ја гледаат луѓе со вкус, со стил и ликови кои знаат што сакаат во животот, а бидејќи сме сигирни дека вие што читате сте баш такви се гледаме во недела во 14 и 35.

Сакаме и да им се заблагодараме на Игор Џамбазов, Гаро Тавитјан и Ребека затоа што ни ја отстапија песната „Нешто убаво„ да биде насловна темна на емисијата, а стиховите да ја потенцираат сржта на истата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маск: Одиме на Марс, животот на Земјата ќе биде уништен

Дејан Дејан

(фото)Истрчани 465 км на шестдневна трка – победничка од Македонија

Дејан Дејан

Најдолг избор на Папата траел три години – го избрале откако граѓаните го срушиле кровот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе