Македонија Топ вести

Дивата депонија „Вардариште“ еколошка бомба во Скопје

„Еколошката бомба“ на чекор од нивните домови ги извади жителите на Маџари на протест. Бараат спас од дивата депонија „Вардариште“ затоа што чад, ужасна миризба и секаков вид на отпад е нивно секојдневие. Сешто се пали во нивната околина, а проблем имаат со луѓето од диво населените места во нивната непосредна близина. Дивата депонија „Вардариште“ со години служи како претоварна станица каде што се носи отпад пред да биде пренесен на Дрисла. Но, голем дел од истиот не завршува на таа локација.

Инспекторите не можат да ги казнат лицата кои палат отпад во ситуација кога тие не поседуваат ниту лични карти. Некои од комуналните инспектори на Град Скопје по пријава пристигнале на терен, а завршиле во болница откако биле натепани со шипки, вели првиот човек на градскиот инспекторат, Мирослав Богдановски.

Градоначалникот Петре Шилегов е свесен за проблемот, но тврди – преголема инвестиција е расчистувањето на просторот и товарот не може да падне само на градската каса.

Отпадот од претоварната станица за отпад е во надлежност на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Комуналниот отпад собран во скопските општини се префрлува директно во специјален затворен контејнер со капацитет од 15 тони пред да биде однесен на депонијата Дрисла.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе