Уште во текот на ноќта овој бран ќе почне да се повлекува, и утре со постепена стабилизација на времето. Претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува и ќе дува слаб до умерен, а долж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец.
Агропрогноза: Исклучително студеното време во текот на изминатата седмица со температура и до -20°С не причини никакви штети кај земјоделските култури, заради фактот дека постигнатите температури беа во границите на издржливост на истите и се вообичаени во овој период од годината, во услови на презимување. Особено во реоните каде беа најниски, присутна беше и снежна покривка која дополнително ги штити од измрзнувања.
Временските услови неделава очекуваме да им годат на културите во услови за презимување, но доколку почвените услови тоа го дозволуваат земјоделците да влезат во нивите, може да се отпочне и со кроењето на виновата лоза, која е обемна операција и потребно е време да се заврши навреме.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-7 Попова Шапка, -5 Маврово -3 Берово, Дебар, Крушево, -2 Скопје-Петровец, Прилеп, -1 Битола, Kрива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Струмица, 0 Скопје-Зајчев Рид, 1 Штип, 2 Гевгелија, Виница, 3 Демир Капија, 4 Дојран.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2)
5 Претор, 3 Маврово, 2 Крушево, 1 Пожаране, Прилеп, Гевгелија, Попова Шапка.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
35 Попова Шапка, Маврови Анови, 10 Крушево, 8 Пожаране, 4 Претор, 2 Охрид, Ѓуриште, Гостивар, 1 Прилеп.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/