Култура

МНТ одбележува 77 години од основањето

Најголемата театарска куќа во Македонија- Македонскиот народен театар денеска одбележува 77 години од основањето. На денешен ден,  1945 година, со решение број 581/45, на Президиумот на АСНОМ, бил основан Македонскиот народен театар. Со тоа започнува со работа оваа нашата национална театарска установа.

Прв директор на МНТ бил Димитар Ќостаров, а Илија Милчин секретар – драматург. Театарската завеса официјално за публиката прв пат била крената на 3 април 1945 година , со премиерата на драмата „Платон Кречет“, од Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров,  во превод на Блаже Конески. Актерката Вера Вучкова Жежељ ја изговорила првата реплика на сцената -Сонцето, колку е блиску сонцето !

  • 31. 01. 1945 е денот кога е основан Македонскиот народен театар. Тоа е денот кога желбата на актерите, режисерите, авторите, сценографите, костимографите, сценските работници и публиката, за театар на македонски јазик стана реалност. Тоа е денот кога сонот на група актери и уметници прерасна во јадро на театарска дејност. Денот кога на Президиумот на АСНОМ (со решението бр. 581/45), е основан нашиот дом, домот на сите некогашни и сегашни вработени на Македонскиот народен театар, на сите љубители на театарот. Нека е честит денот, стои во Фб објавата на театарот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе