Култура

Албанскиот театар со праизведба на текстот „ Јазли“ на Рефет Абази

Текстот на Рефет Абази „ Јазли“, в петок и сабота ќе има две праизведби на сцената на Албанскиот театар- Скопје. Се работи за текст, кој авторот го напишал 2015 година, чија режија ја потпишува Куштрим Бектеши.

  • Драмата „ Јазли“, проектира една комплексна и траорна слика на времето што го живееме, третирајќи ги судбинските „ јазли“, на многу ликови кои во вителот на времето ја изгубиле душевната хармонија и контактот со себе си и вистината. Како лајмотив во структурата на драмата се чувствува бескомпромисната борба помеѓу доброто и злото, светлината и темнината, а борбата е на две нивоа: на индивидуално и на речиси метафизичко ниво меѓу Господ и ѓаволот, вели во својата режисерска експикација Куштрим Бектеши.

Бројните теми што ги загатнува драмата, како што се женидбата и разводот, традиционалното и модерното, реалноста и илузијата, професионалноста и болните амбиции, душевното и материјалното , вредностите и антивредностите, „ купувањето“ и „ спасувањето“ на душите на сцената ќе бидат прикажани низ жанрот на магичниот реализам, стои во експликацијата на Бектеши.

Во претставата настапуваат 11 актери, меѓу кои се: Сабина Мемиши, Амернис Нокшичи, Теута Ајдини Јегени, Адем Карага, Бислим Мучај (како гостин од Косово), Осман Ахмети, Фисник Зекири и малиот Ерди Џемаили.

Сценограф е Бетим Зекири, костимограф- Емира Имери, а музиката ја компонираше Тримор Доми.

Рефет Абази е актер, професор на ФДУ и драмски писател, познат по драмите „ Живот под кирија“, „ Аквариум“ и „ Бегство“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе