„На фактот дека моето семејство доаѓа од Босна и Херцеговина секогаш сум гледал како на предност и на еден вид збогатување“, вели за Дојче веле новоизбраниот пратеник од владејачката Социјалдемократска партија на Германија, Адис Ахметовиќ.
Тој функцијата известувач на Бундестагот за Западен Балкан ја презеде од уште еден социјалдемократски политичар, пратеникот со хрватско потекло Јосип Јуратовиќ. Овие двајца пратеници, од самит влез на Адис Ахметовиќ во Бундестагот, блиско соработуваат кога се во прашање темите поврзани со Западен Балкан.
Како известувач за Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), Ахметовиќ ќе подготвува консултации и мерки и ќе предлага заклучоци до својата социјалдемократска пратеничка група (најголема во Бундестагот) во рамките на Комисијата за надворешна политика, а ќе биде одговорен и за известување на германскиот парламент за ситуацијата на Западен Балкан.