Вести Свет

Сајбер напад врз белгиското Министерство за одбрана

Системот за електронска пошта на белгиското Министерство за одбрана не работел 4 недели поради сајбер нападот минатиот месец.

Според извештаите на белгиските медиуми, претставници на Министерството за одбрана сфатиле дека биле хакирани на 16 декември. Додека нападите беа насочени кон надворешниот систем за е-пошта, мејловите испратени однадвор стигнаа до персоналот на Министерството, но персоналот не можеше да одговори.

Портпаролот на Министерството, Лудивин Дедондер, рече дека откако дефектот во системот продолжи 4 недели, сообраќајот на е-пошта е обновен вчера.

Дедондер изјави дека го однеле целиот систем офлајн, проверувајќи сè пред повторно да се поврзат со надворешниот свет.

Димитри Модаерт, функционер на синдикатот во кој се здружени армиските работници, тврди дека проблемите продолжуваат. Модаер вели дека вработените во Министерството не можат ниту да остваруваат едноставни интернет повици, додека пак апликациите за пораки како што е WhatsApp се користат за одржување на работите.

Од Министерството не соопштија за тоа кој и кој го организирал сајбер нападот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе