Вести Свет Топ вести

Видео: Како во средновековен дворец, седиштето на ДП во Тирана пробивано со модерни метални „овни“

Во немирите и обидот да се пробие и освои седиштето на Демократската партија на Албанија во Тирана, поддржувачите на Сали Бериша користеа и метални полуги.

Со овие тешки полуги удираа во блиндираните врати на партиското седиште, а обидот може да се спореди со средновековните опсади на дворци кога со таканаречени „овни“ се пробивале влезните порти. Демонстрантите исто така користеа и скали за качување на катовите на партиското седиште.

На снимката која ја објави стругалајм се гледа како на крај овој обид завршува со пробивање на вратата.

Протестите ги организираше партиското крило на поранешниот албански премиер Сали Бериша кој е исфрлен од Демократската партија откако јавно почна да ги критикува западните сојузници на Албанија пред се САД. Лидер на ДП во моментот е Љуљзим Бериша кој

Бериша денеска се обиде да ја преземе партијата со освојување на зградата, но потоа интервенираше специјалната полиција која употреби и солзавец и ги растера демонстрантите иако Бериша со неколку соработници успеа да влезе во зградата. Полицијата продолжи да ја следи состојбата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќaјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе