Додека верверичките привлекуваат со нивната симпатичност, една бесна верверица стана ноќна мора на градот во Велс.
Сивата верверица започна да ги напаѓаат постарите, децата и животните во градините и парковите.
Пргавиот глодар, кој одеднаш скока врз луѓето, почна да ги брка оние што не можеше да ги касне.
За два дена биле хоспитализирани 18 лица. На повредените поради длабоки каснувања им била дадена вакцина против тетанус.
Сивата верверица со прекар „пруга“, која дивееше два дена, на крајот беше фатена од 65-годишната Корин Рејнолдс.
Верверицата била пренесена во установа за животни и била успиена.
„Неверојатно сме вознемирени што моравме да ја успиеме оваа верверица, но останавме без избор поради законските измени во 2019 година кои го направија нелегално ослободувањето на сивите верверички назад во дивината“, велат официјалните лица.
Оттаму проценуваат дека има повеќе од 2 милиони сиви верверички во Обединетото кралство.
