Американската администрација за храна и лекови (ФДА) објави дека го одобрила првиот лек за инјектирање во светот кој го намалува ризикот од пренос на ХИВ.
Лекот за инјектирање, наречен Apretude безбедува алтернатива на дневната пилула за превенција од ХИВ.
Овие апчиња се до 99 проценти ефикасни во спречувањето на сексуалниот пренос на ХИВ, но според Центрите за контрола и превенција на болести тие мора да се земаат секој ден за да бидат толку ефикасни.
Спротивно на тоа, за да се започне со Apretude, луѓето првично ќе земаат две дози во временски интервал од еден месец, а потоа ќе имаат инјекција на секои два месеци.
„Оваа двомесечна инјекција ќе биде клучна за справување со епидемијата на ХИВ во САД, вклучително и помагање на високоризичните поединци и групи кои не можат да се прилагодат на секојдневните лекови“, изјави др. Дебра Бирнкрант, директорот на Одделот за антивируси во Центарот за евалуација и истражување на лекови на ФДА
Во соопштението, ФДА се надева дека достапноста на долго-дејствувачки инекции лек за превенција на ХИВ ќе го зголеми навлегувањето на таквите лекови во групите со висок ризик.
