Вести Македонија

Втор ден активен е пожарот на депонијата Русино

На депонијата Русино веќе два дена повторно активен е поголем пожар, од кој се шири облак на загадување врз Гостивар и околните населени места. Граѓаните во револт и гнев споделуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи, на кои се гледа дека состојбата станува застрашувачка и крајно алармантна.

Од Граѓанската иницијатива Стоп Русино овој месец два пати организираа протести. Пред само два дена преку дефиле со автомобили повеќе од илјада граѓани побараа решавање на долгогодишниот проблем со депонијата Русино, кој овој период е актуелен поради постојаните пожари.

Градоначалникот Арбен Таравари, кој го поддржа протестот против состојбата на Русино, рече дека Општина нема ингеренции над депонијата, но, поради постојаните пожари, тие поднеле кривична пријава против непознат сторител.

Високо ниво на загаденост во Гостивар деновиве покажуваа и мерните станици на квалитет на воздухот. Гостиварци продолжуваат да се гушат од Русино, а трпението им е веќе при крај. Доколку итно не се преземат конкретни чекори, се најавуваат порадикални мерки и блокади.

 

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе